Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Вода и кал над колена, една третина од површините со ориз во атарот на Спанчево и Соколарци уште не се ожнеани

автор: Т. Ајтовски
28 ноември, 2025
во Кочани
време на читање: 4 мин.
A A
Вода и кал над колена, една третина од површините со ориз во атарот на Спанчево и Соколарци уште не се ожнеани

Неожнеани ниви преполни со вода, натопено оризово класје и канали што претекуваат од парцела во парцела е сликата за кочанскиот оризопроизводен регион што може да се види во последните триесетина дена.

Целодневните обилни врнежи од дожд и големата количина вода што се слева во полскиот регион ги оневозможија земјоделците навреме да го соберат родот од овогодишната реколта на оризот.

Проценките се дека не е ожнеана над една третина од засеаните површини во атарот на селата Спанчево и Соколарци. Такавата состојба е катастрофална, не само за оризопроизводителите кои се директно погодени, туку и за целиот регион кој ќе се соочи со последиците од неповолната состојба.

Комбајните кои со денови стоеја во нивите во очекување на подобрување на условите за жетва, веќе се повлекуваат во селата, без надеж кај земјоделците дека ќе успеат да спасат нешто од штетата.

-Околу 80-90 декари, односно 9 хектари сѐ уште немам оженано, оризот стои во полето. Чекаме на времето, сѐ е на времето, не знаеме кога ќе биде. Ако не се подобри, ќе пропадне сѐ, нема што. Што ќе го правиме, има голема штета. Невреме фати, поплави фатија, делумно полето е под вода веќе, до селото дојде. Веројатно има и повеќе од 20 отсто што не е ожнеано, не знаеме точно, ама има. Може и да остане така, не се знае ништо, се чека на времето. Откуп нема никаков, тоа што го имаме ожнеано стои така, што можевме гледавме да собереме, да го покриеме од невремето, а откуп нема. Цената е за никаде, откупот е за никаде, катастрофа, голема катастрофа, истакна Горан Илиов, земјоделец од Спанчево.

Големиот канал меѓу селата Спанчево и Бања е преполнет, водата поминува под експресниот пат Кочани – Штип и под локалниот патен правец меѓу двете села и ги полни околните ниви. Практично, има поголема количина вода отколку што е потребна дури и во сезоната на сеидба на оризот. Земјоделците велат дека наскоро од оваа вода ќе бидат поплавени и нивите во атарот на Чешиново, каде исто така има неожнеан ориз.

Во откупниот центар на „Еко зрно“ во Спанчево, разочарани од лошата производна сезона, посочија на десетиците тони оризова арпа што се натрупани низ кругот на фабриката за лупење. Дел од оженаните количини стојат на отворено под дождот, целосно под вода и нема да можат да се преработат или пак квалитетот што ќе се добие ќе биде под вообичаените станарди.

Комбајните и механизацијата, што можат да се забележат паркирани на неколку локации, тешко ќе можат да влезат без да заглават во калливите ниви. Земјоделците додаваат дека ако падне снег, тоа дефинитивно ќе биде крај за сите надежи. Едноставно, ќе им преостане да го преораат несобраниот род.

Покрај проблемите за оризопроизводството, високиот водостој на Кочанска Река во близина на селото Долни Подлог е закана од излевање во околните површини. Несобрана ќе остане пченката во околината, а исто така и нивите што се засеани со есенски житни култури веќе се под вода.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
3°C
облачно
облачно
1 m/s, NNE
81%
767.32 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облачно
10/9°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?