Канал 8 ТВ
No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
No Result
View All Result
Канал 8 ТВ
No Result
View All Result

„Водовод“ побара покачување на цените на водата и другите услуги, опозицијата во Советот бара смена на директорот поради искажаната загуба

Од Т. Ајтовски
9 јуни, 2023
во Кочани
Време на читање:2 мин.
A A
„Водовод“ побара покачување на цените на водата и другите услуги, опозицијата во Советот бара смена на директорот поради искажаната загуба

Барањето на КЈП „Водовод“ за покачување на цените на водата за пиење и на другите комунални услуги не доби поддршка од Советот на Општина Кочани. Според доставените податоци, предложено беше цената на водата за домаќинствата од 45,18 денари за кубен метар да се зголеми на 49,7 денари, надоместокот за канализација од 13,33 денари да изнесува 21,20 денари, а за пречистување на отпадните води од 15,17 денари за кубен метар да скокне на 17,4 денари. Од комуналното претпријатие бараат да се покачи и цената на водата за фирмите, при што  од 54,83 денари да изнесува 60,3 денари, канализацијата да поскапи од 18,41 денар на 32,2 денари, а надместокот за пречистување на водите да се зголеми од 15,17 денари на 17,4 денари.

Во образложението за барањето, директорот на „Водовод“ истакна дека можеби и ова поскапување нема да помогне да се покријат трошоците и загубите во претпријатието, префрлувајќи дел од вината и на вработените.

Оправдувањето на директорот на „Водовод“ не наиде на одобрување од советниците кои му забележаа дека со ваков начин на раководење претпријатието ќе продолжи да тоне и да бележи загуби.

На гласањето по точките за финансикото работење во текот на минатата и во првите три месеци од оваа година, како и за барањето за покачување на цените на услугите мнозинството советници беа против или воздржани.

Градоначалникот Папазов пак, не даде никаков коментар за состојбите во „Водовод“ и дали ќе го реализира барањето на советниците за смена на првиот човек на претпријатието.

©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Ознаки: кјп „водовод“совет на општина кочани
Сподели41Tweet26

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Атанас Георгиев ја промовираше стихозбирката „Мисли и размисли“
Кочани

Атанас Георгиев ја промовираше стихозбирката „Мисли и размисли“

Од Д. Николов
27 септември, 2023
0

Во библиотеката „Искра“ попладнево беше промовирана стихозбирката „Мисли и размисли“ од роднокрајниот автор Атанас Георгиев. Рецензент и промотор беше Славица Цветкова која истакна дека главниот мотив на авторот...

Прочитај повеќе
Советниците бараат Општина Кочани да ја разгледа можноста за јавно претпријатие за линиски превоз на патници
Кочани

Советниците бараат Општина Кочани да ја разгледа можноста за јавно претпријатие за линиски превоз на патници

Од Т. Ајтовски
27 септември, 2023
0

Потешкотиите што Општина Кочани ги има секоја година околу организирањето на бесплатниот автобуски превоз на учениците, но и заради унапредувањето на линискиот превоз за граѓаните, беа повод на...

Прочитај повеќе
Sep 29, 2023 - Fri
Кочани, MK
19°C
6 km/h, NE
57%
765.07 mmHg
ПЕТ09/29 САБ09/30 НЕД10/01 ПОН10/02 ВТО10/03
26/17°C
27/15°C
27/15°C
26/14°C
26/13°C
EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица.
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?