Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

„Водовод“ почна со размена на оризова слама за компост од Станицата за пречистување на отпадни води

автор: Т. Ајтовски
18 јуни, 2024
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
„Водовод“ почна со размена на оризова слама за компост од Станицата за пречистување на отпадни води

Комуналното претпријатие „Водовод“ почна да разменува оризова слама со земјоделците за компост што го произведува во станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци.

Покрај отпадната тиња од фекалните води, во производството се користи и сламата од оризот што се собира од полињата, која наместо да се пали по завршувањето на жетвата, сега има нова употребна вредност. Со тоа целосно ja финализира постапката за пречистување на водата од фекалната канализација во општината, односно станицата е единствена во регионот во која има затворен круг на процесот, а воопшто не генерира отпад.

-Во рамки на претпријатието е регистрирана подружницата „Компостара“ која има добиено и дозвола за производство на органско ѓубриво со трговско име „Комвод“. Една од основните суровини за негово производство е оризовата слама, со што сакаме да ги потсетиме земјоделците дека не треба да ја палат по завршувањето на жетвата и да не го загадуваат воздухот. Ги повикуваме сите земјоделци да нè контактираат и за секоја бала слама доставена во станицата ќе добијат вреќа компост. Завршени се анализите за квалитативните вредности на ѓубривото и добивме позитивни резултати, а Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе го регистрираше, односно запишано е во регистарот и листата на ѓубрива, биостимулатори подобрувачи на својствата на почвата, истакна Радостина Стоилковска, раководителка на Станицата за пречистување на отпадните води.

Компостотот на КЈП „Водовод“ се пакува во вреќи од по 25 литри и за почеток ќе се разменува само со земјоделските производители од кочанскиот регион. Во зависност од побарувачката, во втората фаза се планира да се пакува и во поголеми или помали количини и да се нуди и комерцијално во трговската мрежа во државата.

Заокружувањето на процесот за пречистување на отпадните води и производство на органско ѓубриво во станицата кај Мојанци е реализирано со поддршка од швајцарската влада, при што набавена е потребната механизација и опрема за пакување. Како нуспроизвод од ферментацијата на отпадната тиња се добива метан, што заедно со поставените фотоволтаични панели, служи за затоплување и за производство на електрична енергија за потребите за станицата за пречистување.

Стручните испитувања на компостот покажале дека може да се користи во производството на житни култури, во овоштарници, за цвеќарници и за ѓубрење на парковски и други зелени површини.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: кјп „водовод“компостпречистителна станица за отпадни води

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“
Кочани

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“

автор: Т. Ајтовски
17 мај, 2025
0

„Системот убива – институциите молчат“ беше мотото на денешниот, шести протестен „Марш за ангелите“ во Кочани што го организираа семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“. Токму...

прочитај повеќе
Словенечките Ротари клубови од Целје и Љубљана ќе обезбедат долгорочна поддршка за намалување на последиците од трагичниот пожар во Кочани
Кочани

Словенечките Ротари клубови од Целје и Љубљана ќе обезбедат долгорочна поддршка за намалување на последиците од трагичниот пожар во Кочани

автор: Т. Ајтовски
17 мај, 2025
0

Ротари клубот Кочани-Виница потпиша договор за соработка со партнерските Ротари клубови од Целје и Љубљана во Република Словенија, со што тие ќе обезбедат долгорочна поддршка за намалување на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 19, 2025 - пон
Кочани, MK
12°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, NE
78%
765.82 mmHg
mon05/19 tue05/20 wed05/21 thu05/22 fri05/23
чисто небо
22/11°C
чисто небо
22/11°C
облачно
23/14°C
неколку облаци
22/14°C
одвоени облаци
24/15°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?