При поројни дождови и кога ќе се зголеми нивото на реката станарите во зградата кај Трговскот центар на улицата „Маршал Тито“ мака мачат со поплавените подрумски простории. Не можат да си ги користат подрумите и не можат да чуваат дрва за огрев ниту зимница.
Тие неколку пати јавно го искажуваат својот проблем и велат дека потребна е брза реакција оти ситуацијата станува посериозна бидејќи од водата што е постојано е во подрумите зградите веќе напукнале однадвор па станарите се плашат од евентуална катастрофа.
По интервенцијата на КЈП „Водовод“ и по утврдување на причината за навлегувањето на водата, се надеваат дека нивниот долгогодишен проблем ќе биде решен.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=w1SG6-5v9WI
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.