Од „Водовод“ велат дека со ваквата пракса да бидат во целосна услуга на граѓаните ќе продолжат и понатаму, а ќе воведат и посебна телефонска линија за пријавување на тековни проблеми.
– По било која реакција на граѓани дали ќе биде презентирана преку медиуми или директно во претпријатието, ние во најбрз можен рок интервенираме и ги решаваме проблемите. Сакам да најавам дека ние ќе воведеме посебна телефонска линија која што ќе биде наменета исклучиво да можат граѓаните да се јавуваат тековно, секојдневно да ги пријавуваат нивните проблеми, било да се комунални или дефекти на водоводната мрежа, со цел да ги сервисираме навремено, рече Андреј Киров, в.д директор на КЈП „Водовод“.
Ќе се работи и на навремено отстранување и чистење на сметот, додава Киров.
– Во најскоро време до населените места ќе пуштиме камиони или трактори за да почнеме со отстранување на сметот со цел да не се стварат регионални депонии, па да одиме да ги чистиме депониите, туку навремено да го собираме сметот од домаќинствата и да го носиме на градската депонија, рече Киров.
Околу воведувањето на телефонската линија за пријавување дефекти или други комунални проблеми како и околу воведувањето на возилото за смет, Киров рече дека граѓаните преку медиумите ќе бидат благовремено известени со цел да се подобрат состојбите и условите во градот во кој живееме.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=hlHDluHFoBs
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.