Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

„Водовод“ ќе разменува компост за оризова слама со земјоделците за да се намали нејзиното палење

автор: Т. Ајтовски
26 септември, 2023 13:52
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
„Водовод“ ќе разменува компост за оризова слама со земјоделците за да се намали нејзиното палење

Комуналното претпријатие „Водовод“ од оваа жетвена сезона ќе почне со размена на оризова слама за компост, во рамки на активностите за заштитата на животната средина од палењето на остатоците од жетвата на оризот.

Управниот одбор на претпријатието донесе одлука со која е определена вредноста на размената за кубен метар компост, а што се добива како финален производ во станицата за пречистување на отпадните води.

-Согласно препораките од донаторот, Владата на Швајцарската Конфедерација, произведениот компост треба да се разменува со оризова слама за да се намали негативното влијание врз амбиенталниот воздух при нејзиното палење. Продажната цена за кубен метар компост изнесува две илјади денари без данокот на додадена вредност, а цената за откуп на една бала слама изнесува 50 денари. За да се стимулираат земјоделците да ја разменуваат сламата за компост и заради промоција на компостот, во првите 24 месеци од донесувањето на одлуката, еден кубен метар ќе се разменува за 40 бали слама, се наведува во одлуката на Управниот одбор на КЈП „Водовод“.

Согласност на Одлуката на Управниот одбор треба да даде Советот на Општина Кочани, на седницата закажана за утре. По истекот на двегодишниот промотивен период за размена на компостот за слама ќе се донесе нова одлука со која ќе се определи вредноста на финалниот производ.

Кочанското комунално претпријатие ја дополни дејноста на работење и почна со производство на органското ѓубриво со мешање на оризовата слама со  филтрираните и наталожени цврсти материи во отпадната вода од пречистителната станица. За целиот процес се потребни големи количини слама, па наместо земјоделците да ја палат, таа се собира од полињата и се транспортира до станицата.

Просечно годишно се складираат по околу шест илјади бали слама, што е многу помалку од максималниот капацитет што може да се преработи. Просечно дневно се добиваат околу 17 кубни метри отпадна тиња, а по мешањето со сламата се произведуваат 26 кубни метри компост.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: кјп „водовод“компосторизова сламапречистителна станица за отпадни води

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани
Кочани

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани

автор: Т. Ајтовски
15 јануари, 2026 13:43
0

Со пригодна свеченост што ја организираше Доброволното противпожарно друштво – Кочани беше означено завршувањето на проектот за психолошка помош за образовната заедница по трагичниот пожар во клубот „Пулс“,...

прочитај повеќе
Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани
Кочани

Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
12 јануари, 2026 22:37
0

Јавна трибина организираше Општина Кочани по иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за изградба на спомен-обележје на жртвите од трагичниот пожар во клубот...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 19, 2026 - пон
Кочани, MK
-2°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, ENE
63%
774.82 mmHg
mon01/19 tue01/20 wed01/21 thu01/22 fri01/23
чисто небо
4/-2°C
чисто небо
4/-1°C
слаб снег
5/0°C
слаб снег
5/3°C
облаци
8/3°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?