Податоците велат дека една кеса се корисит во просек 12 минути, а се разградува во следните илјада години. Здружението “Павел Шатѕев и ЕВЕЦ во соработка со текстилните фабрики “Алекс“, “Делта текс“ и “Алма“ од Кочани и “Јајамезлер“ од Штип и овојпат реализира доста креативна акција од голем придонес за намалувањето на употербата на пластичните ќеси. Нашите интернационални волонтери сошија над 500 торби од материјалите донирани од тесктилните фабрики, рече Филип Николовски, ментор во Здружението “Павел Шатев“.
Заедно со платнените торби волонтеридте делеа и флаери како повик до граѓаните на Кочани да се придружат во акцијата за чистење на околината на браната Гратче, што е планирана да се реализира в четврток, 23 август. Притоа, дел од нив и лично упатија апел за чување на животната средина.
– Јас би сакала да се користат хартиени ќеси наместо пластичните. Со тоа ќе ја зачуваме природата и околината за повеќе години… Мислам дека овие торби што ги изработивме се многу важни за животната средина и се надевам дека луѓето навистина ќе ги користат нив, наместо пластичните ќесиња… Секој човек треба да биде свесен за зачувувањето на околината бидејќи треба да размислиме двапати пред да купуваме, рекоа волонтерите.
Активноста за делење на платнени торби волонтерите од Турција ја реализираа на неколку локации во Кочани. Притоа, иако дел од граѓаните одбиваа да го земат подарокот, активистите рекоа дека се задоволни од одзивот и изразија надеж оти дел од оние што добија торба ќе им се придуржат в четврток во акцијата за чистење на околината на браната Гратче.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.