Волонтерите различен период престојуваат во Кочани, од кои некои се само неколку недели, а има и такви кои овде се скоро половина година. Сите заеднички се трудат да го научат македонскиот јазик, а токму за 8 Март се потрудија и лично да ги пренесат своите честитки до припадничките на понежниот пол.
– Среќен 8 Март, им посакуваме пријатен ден на сите жени, рече волонтер од Турција.
– Чувствувајте се посебно, единствено и најпрекрасно, ова е вашиот ден. Среќен 8 Март, рече волонтерка од Турција.
Жените од Кочани кои добија подароци од волонтерите на Здружението „Павел Шатев“ беа пријатно изненадени од гестот на гостите од Турција. Тие пак, најавуваат дека со слични активности ќе продолжат и во наредниот период додека престојуваат кај нас.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=_JGfWYyahlQ
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.