Уметници користејќи ја техниката мурал му дадоа нова свежина на дворот, што претставува забавно катче каде дечињата од градинката поминуваат одреден дел од денот.
Волонтерите уметници кои се вклучени во оваа иницијатива се задоволни и среќни што со својот придонес ќе остават креативни дела што ќе му дадат нова свежина на просторот за идните генерации.
– Ние волонтерите сме собрани денес за да го разубавиме просторот во дворот на градинката “Павлина Велјанова” во Кочани и да им направиме поубаво место за престој на децата сместени во градинката.
Волонтерите најавија дека и во иднина тие стојат на располагање да се вклучат и да помогнат во други активности што се од корист за заедницата.
И. Матеничарски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.