Од пристигнатите творби првата награда или Гран при „Димитар Гогов“ на доби Теона Грубанска ученичка од ОУ „Методи Митевски – Брицо“ од Лозово чиј ментор е Ленче Китанова за песната „Домот во срцето мое“. Втората награда и припадна на ученичката Марија Николова од ОУ „Страшо Пинџур“ с. Соколарци, Чешиново – Облешево за песната „Среќа“ под менторство на Тодорка Стоименова. Трета награда освои Мартина Пулковска од ОУ „Никола Карев“ Кочани под менторство на Гордана Јефтимова за песната „Мечти без граница“.
-Далечната 1974 година е одржан првиот фестивал „Мајски цвет“ во библиотеката „Искра“ а еден од иницијаторите за негово одржување е нашиот долгогодишен колега а член на Друштвото на писателите Димитар Гогов по кого е насловена гран при или првата награда на фестивалот. Овој фестивал на детска поезија во целост го исполнува културното живееење на општина Кочани и стана културен бренд на библиотеката и на самата општина, рече Илија Захариев, виш библиотекар.
Пофалени творби се на учениците Анастасија Јефтимова од ОУ „Синиша Стоилов“ Зрновци, Михаела Стојанова од ОУ „Раде Кратовче“ Кочани, и Јована Балуловска од ОУ „Живко Брајковски“ од општина Бутел Скопје.
Благодарници добија од категорија најдобар ментор доби Ленче Китанова, професор по македонбски јазик во ОУ „Методи Митевски – Брицо во Лозово, од категорија училишта доби ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Кочани, и од категорија библиотеки доби библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш.
Пофалница за најдобра интерпретација на сопствената творба и беше доделена на Михаела Костовска ученичка во ОУ „Ванчо Китанов“ Пехчево, под менторство на Габриела Костадинова.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=LT6QyoTddWI
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.