Тоа е превенција за понатамошниот период да немаме. Меѓутоа, работиме на неколку проекти во делот на водоснабдувањето, а тоа е посебно за проширување на филтер станицата во нашиот град, а тоа е за да можеме проблемот што претходно го најавив за селото Лески, да можеме во текот на следните години да го поврземе со главната вододводна станица и да немаме проблем во овој дел, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.
Освен во Виница и во рамничарските села, градоначалникот Димитров потенцира дека Локалната самоуправа презема активности и за подобрување на водоснабдувањето во населените места во ридско-планинскиот дел, каде до сега имаше посериозни проблеми.
– Очекуваме дека ова лето ќе немаме проблеми, а почнуваме и уште една активност со ЈКП “Солидарност“ за ново дупчење во селото Драгобраште, посебно во маалото Чукарлии, затоа што и таму во текот на летниот период, посебно во сушите може да се јави проблем, додава Димитров.
Во меѓувреме завршени се активностите за подобрување на водоснабдувањето во селото Грљани каде во неколку маала е поставена водоводна мрежа, а во моментот се работи на мрежата кон селото Јакимово во должина од околу 250 метри.
T. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.