– Моментално ни е распишан тендер за техниќка документација за кружен тек за улицата “Маршал Тито“ и локален пат Капетанци – Балинци – Витларе, во должина од 3.900 метри. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Виница во износ од 1 милион и 950 илјади денари. Се надеваме дека барем на тендерот овие средства ќе дојдат на половина,рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.
Решавањето на сообраќајната инфраструктура со кружен тек е наметнат со фактот што се работи за трикрака крстосница на која се спојуваат улиците “Маршал Тито“, “Браќа Миладинови“ и “Моша Пијаде“. Во образложението е нагласено дека во одредени денови од неделата таа претставува тесно сообраќајно грло, поради што се создаваат колони, а неретко доаѓа и до сообраќајни несреќи.
Рокот за пријавување на заинтересираните фирми за изработка на техничката документација за кржниот тек и за локалниот патен правец е до 25 јули.
T. Aјтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.