Во спецификацијата на тендерската постапка е нагласено дека освен изработката на физибилити студијата, неопходно е да се спроведе истражување на потенцијалот за искористување на постојниот објект во центарот на Блатец, а што би бил ставен во функција на обезбедување социјални услуги, односно во кој би бил сместен Домот за стари лица. Исто така, се бара како придружен дел од студијата да се изработи и основен, односно идеен проект за реконструција на објектот за да се добие пореална проценка на потребните финансиски средства за негово ставање во планираната функција.
Градежната парцела на која се наоѓа објектот е со површина од 2.900 метри квадратни, а габаритната основа на самиот објект изнесува 690 метри квадратни. Дел од него во приземјето се поранешна кино сала и ресторан, за кои се бара да не им се менува намената. За домот на стари лица е предвидено да се користи спратот, за што на располагање стојат околу 450 метри квадратни, на кои би можеле да опслужуваат 25 лица.
Веќе тече рокот за пријавување на заинтересираните фирми за изработка на физибилити студијата за домот за стари лица во Блатец, а пријавите можат да се поднесат најдоцна до 30 јули.
T. Aјтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.