– Ние доаѓаме до некоја бројка од 282 вработени, тој план е поминат, како план, а од него немаме реализирано ништо во однос на тие 56 вработувања. Овој план за 2019 година го имаме направено со 64 вработувања. Тоа значи, дека сите 56 кои беа во претходниот план за 2018 година се пренесени и во 2019 година. Разликата од 8 вработувања е по основ на 4 упразнети места за пензионирање и по основ на зголемени извршители во делот на паркинг просторот, рече Андреј Киров, в.д. директор на КЈП “Водовод“.
Во вкупната бројка на планирани вработувања во 2019 година се вклучени и 36 лица кои веќе се вработени, но би можеле да бидат преместени на други работни места според интерните потреби.
Сепак, в.д. директорот на “Водовод“ нагласи дека се работи само за предлог план, што не значи дека задолжително треба и да се реализира.
– Четирите пензионирања што се ставени, исто се преточени во планот за вработување, каде бројката е 64. Значи, да не се сфати дека “Водовод“ Кочани ќе вработува 64 лица во 2019 година, ова го правиме затоа што имаме ставено различни типови на бранши, за различни видови извршители, од паркинг, од метачи, возачи, електроинженери, машински, геодети. Значи, сме опфатиле широк дијапазон на луѓе за да можеме, ако ни се јави потреба, да можеме во моментот да реагираме, додаде Киров.
Предлог-планот за вработувања во “Водовод“ во 2019 година ќе го разгледува и Советот на Општина Кочани на седницата што е закажана за в четврток. Доколу биде усвоен, треба да биде доствен до Министерството за информатичко општество и администрација, од каде треба да добие дополнително мислење.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=MeOr2HBYQy0
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.