Инаку, најголем дел од заболените се на возраст од 15 до 64 години каде што има 47 заболени, 7 заболени се на возраст над 65 години, 4 се деца од 0 до 4 години и 5 заболени се на возраст од 5 до 14 години, информира Магдалена Манасиева, директор на Центарот за јавно здравје.
Инаку, и не само грипот, туку и настинките и вирозитегинаполнијаамбулантитевоКочани. Променливото време изминативе денови дава подлога за зголемување на бројот на заболени лица со вирози и настинки, но и со грип, велатлекарите.
Инаку, за Кочани за оваа сезона беа обезбедени 900 вакцини протов грип, за општините Делчево и Македонска Каменица 500, Виница 450, Берово 350 и за Пехчево 200 вакцини, а за само три дена од почетокот на вакцинирањето во кочанскиот Центар за јавно здравје беа потрошени повеќе од половина од набавените вакцини.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=4n77318u9K8
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.