На 20 јуни, вторник, во раните утрински часови на територијата на општина Виница ќе се изврши тереистичко третирање за заштита од комарци.
Во првата фаза со дезинсекцијата ќе бидат опфатени површини од Виница, како и населените места во општината.
Третирањето ќе се изврши од земја со препарат одобрен од Агенцијата за лекови. За таа цел се известуваат пчеларите на подрачјето на Виница да превземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства.
Доколку временските услови не дозволат третирање, истото ќе се спроведе наредниот ден во зависност од временските услови.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.