В понеделник на 21 август до полноќ ќе се реализира третото пријавување во средните училишта за учениците кои беа упатени на поправни испити и испит на година.

Во двете средни училишта во Кочани во првото пријавување се запишаа над 250 ученици. Од нив 96 во гимназијата, а 140 во СОУ „Гошо Викентиев“. Во вториот уписен рок и во СОУ „Љупчо Сантов“ и во електромашинското се пријавија по десетина нови средношколци.
Првите две пријавувања се реализираа во јуни преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука, а третиот рок е последна шанса за учениците што се оставени да полагаат поправни испити.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.