Комисијата за спорт на Здружението на пензионери – Кочани ги известува заинтересираните членови дека можат да се пријавуваат за учество на спортските игри во 2025 година.
Дисциплините во кои ќе се одржуваат натпреварите во машка и женска конкуренција се: гаѓање со воздушна пушка, шах, пикадо, шутирање пенали, слободни фрлања на кош, фрлање ѓуле, тркање на 80 метри, домино и табла. Исто така, во машка конкуренција можат да се пријават кандидати за влечење јаже и скок од место.

Дозволено е пријавување само во една дисциплина, а сите пријавени кандидати треба да бидат редовни на подготвките, во спротивно нема да бидат вклучени на турнирот.

По подготовките ќе следува изборен турнир од кој најдобрите ќе учествуваат на регионалните и републичките спортски игри.
Пријавувањето е во тек и трае до 7 март во ограноците, клубовите и во управата на Здружението на пезнионери – Кочани.


©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.