Канал 8 ТВ
No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
No Result
View All Result
Канал 8 ТВ
No Result
View All Result

Во институционална процедура влезе иницијативата на Општина Зрновци за изградба на акумулација на реката Зрновка

Од Т. Ајтовски
17 јули, 2023
во Регион
Време на читање:2 мин.
A A
Во институционална процедура влезе иницијативата на Општина Зрновци за изградба на акумулација на реката Зрновка

Во институционална процедура влезе иницијативата на Општина Зрновци за изградба на акумулација на реката Зрновка, по барањето што минатиот месец беше испратено до Владата.

Од кабинетот на премиерот е добиен писмен одговор дека целокупниот предмет се проследува на натамошно надлежно постапување до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и до Министерството за транспорт и врски. Притоа им се укажува на двете министерства да ја известуваат Локалната самоуправа на Зрновци за нивните постапки и преземените чекори.

Според редоследот на активностите, за да се реализира целата инвестиција неопходно е претходно да се изработи урбанистички план за подрачја и градби од државно значање, како и физибилити студија со проектна документација.

-Иако со децении се зборува за акумулација на Зрновка и тоа е сон на секој граѓанин и посетител на општина Зрновци, конечно  се направени првите конкретни чекори. Ваквата градба од државно значење би била од витално значање за пет соседни општини, како и нова економска слика за општина Зрновци од аспект на туризам, спорт, хидроелектрана, водоснабдување на домаќинства, како и наводнување на земјоделски површини што се протегаат во петте соседни општини. Веруваме дека овој голем почеток ќе триумфира со целосна изградба на акумулација на кањонот на Зрновска река, истакна градоначалникот Борчо Коцев.

Активностите што ги презема Општина Зрновци се во рамки на проектот „Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење”, а со кој се обврзува да ги изработи потребните подзаконски акти и целокупната документација да ја достави до Министерството за земјоделство и Министерството за транспорт и врски, кое е надлежно за донесувањето на урбанистичкиот план.

На реката Зрновка веќе има водозафат за малата хидроцентрала изградена во 1950 година, што произведува околу 1,6 мегавати електрична енергија, а со новата акумулација би се овозможила изградба на хидроелектрана со поголем капацитет.

©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Ознаки: акумулацијазрновкаопштина зрновци
Сподели40Tweet25

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Работилница со учениците за производство на хартија од оризово брашно се одржа во ОУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци
Регион

Работилница со учениците за производство на хартија од оризово брашно се одржа во ОУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци

Од Т. Ајтовски
28 септември, 2023
0

ОУ „Синиша Стоилов“ од Зрновци беше домаќин и организатор на работилница со учениците на која тие се обучуваа за производство на хартија, за што една од главните суровини...

Прочитај повеќе
Вечерва ќе се прска против комарци во општина Зрновци
Регион

Општина Зрновци оствари рекорден износ од продажба на градежно земјиште, ќе наплати над половина од годишниот буџет

Од Т. Ајтовски
27 септември, 2023
0

Општина Зрновци оствари рекорден износ од продажба на градежно земјиште во државна сопственост и за 18 парцели, со површина од над 9.700 квадратни метри, ќе наплати близу 5,8...

Прочитај повеќе
Sep 29, 2023 - Fri
Кочани, MK
19°C
6 km/h, NE
57%
765.07 mmHg
ПЕТ09/29 САБ09/30 НЕД10/01 ПОН10/02 ВТО10/03
26/17°C
27/15°C
27/15°C
26/14°C
26/13°C
EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица.
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?