Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Во Колерски Гробишта ќе се уредува парк, се планира да се потрошат 8,5 илјади евра

автор: Т. Ајтовски
30 јуни, 2023
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Во Колерски Гробишта ќе се уредува парк, се планира да се потрошат 8,5 илјади евра

Општина Кочани почнува постапка за уредување на просторот во месноста Колерски Гробишта во населбата Трајаново Трло, каде е планирано да никне нова парковска површина. Објавен е јавен повик за избор на изведувач на градежните работи, за што од општинскиот буџет е предвидено да се потрошат над 520 илјади денари.

Според техничката спецификација, на просторот што со години е затрупан со отпад, ќе се уреди парк на површина од околу 550 квадратни метри. Предвидено е на поголем дел да се направи хортикултурно уредување со тревни површини, а на околу стотина квадратни метри да се изгради патека со бехатон плочки и бетонски рабници. Исто така, ќе се постават неколку клупи, како и мала фонтана изработена од лим, со придружна инсталација што ќе обезбедува вода за пиење.

Рокот за пријавување на заинтересираните изведувачи е до 6 јули, а по потпишувањето на договорот и воведувањето во работа, избраниот најповолен понудувач ќе има обврска градежните работи да ги комплетира во рок од три месеци.

Неколкупати досега Локалната самоуправа правеше обиди да го среди просторот во Колерски Гробишта, при што во февруари 2017 година изгради и мултинаменско спортско игралиште. Неколку недели подоцна тоа беше оштетено, а реквизитите искршени. Пред три години беше реализирана голема акција за целосно расчистување на просторот од отпадот, но не помина повеќе од еден месец, а состојбата се врати по старо. Во меѓувреме имаше уште неколку активности за средување на просторот, но сите останаа без долгорочен ефект.

Дополнителен проблем е што отпадна вода, измешана со фекалии, се излева кај спојот на улиците “Цветан Димов“ и “Наум Наумовски – Борче“ во непосредна близина на спортското игралиште. Жителите од овој дел на Кочани со години реагираа и бараа надлежните служби во Општината и во КЈП “Водовод“ да преземат мерки за поправка на канализацијата, но видливи активности немаше.

Дали уредувањето на парковската површина ќе го смени изгледот на целиот простор, тешко е да се каже, но досегашното искуство покажува дека инвестицијата ќе биде без ефект ако постојано не се води грижа за јавните површини. И тоа, не само на оваа локација, туку во целиот град.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: колерски гробиштакомунално уредувањетрајаново трло

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“
Кочани

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“

автор: Т. Ајтовски
24 мај, 2025
0

Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седмиот „Марш за...

прочитај повеќе
24-годишник од Кочани заработи притвор за убиство во обид
Кочани

Семејствата на жртвите во клубот „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

автор: Администратор
24 мај, 2025
0

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Преку исказите дадени...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 24, 2025 - саб
Кочани, MK
15°C
облачно
облачно
2 m/s, WSW
92%
759.06 mmHg
sat05/24 sun05/25 mon05/26 tue05/27 wed05/28
-/15°C
слаб дожд
15/6°C
слаб дожд
18/8°C
облачно
20/12°C
неколку облаци
21/11°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?