Канал 8 ТВ
No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
No Result
View All Result
Канал 8 ТВ
No Result
View All Result

Во Кочани започна да функционира мобилниот сервис за грижа во домашни услови

Од Т. Ајтовски
18 септември, 2018
во Некатегоризирано
Време на читање:1 мин.
A A

Станува збор за услуга што како медицински сервис ќе значи сервис во областа на хроничните болести, кардиоваскуларни болести, дијабет, мајките со мали деца, постарите лица кои се потешко подвижни, како и сервис од социјалниот рабортник затоа што ова ќе биде еден тим во кој, освен медицинските сестри кои имаа посебен тренинг за давање здравствени услуги во домашни услови, учество зема и социјалниот работник, рече Венко Филипче, министер за здравство. 

За почеток со проектот ќе бидат опфатени жителите од пооддалечените населби во Кочани и од приградската населба Оризари. Исто така, ќе бидат вклучени и граѓаните од соседните рурални општини Зрновци и Чешиново-Облешево.

-Социјалните и здравстевните ризици не се исклучуваат и се испреплетуваат. Македонија досега немаше заеднички сервиси што им се нудат на граѓаните, а со овој сервис покажуваме дека ако заеднички и мултисекторски им пристапуваме на проблемите, граѓаните ќе бидат позадоволни од услугите. Оставам во наредниот период овој сервис да ги покаже своите резултати, граѓаните да се задоволни од овој сервис и конечно да добиеме национална програма за здравствено-социјални услуги, за да можат граѓаните полесно да ги остваруваат своите права. Во пракса тоа би значело дека ако едно семејство има лица со здравствен ризик, не значи дека тие ги знаат своите социјални права. Со учеството на социјалниот работник во овој тим тој ќе ги идентификува кои се можните социјални ризици и ќе ги поврзе со Центарот за социјална работа и со тоа ќе се обезбеди полесен пристап и до здравствени и до социјални услуги за сите граѓани, рече Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

Претставничката на УНДП, Луиза Винтон на промоцијата на проектот истакна дека била постигната одлична партнерска поврзаност со двете ресорни министерства, а мобилниот сервис во домашни услови е задолжителна услуга за здравствениот и социјалниот систем во иднина.

Со проектот во Кочани се вклучени четири медицински сестри, двајца социјални работници и еден координатор.

– Граѓаните од општина Кочани ќе добијат мобилен сервис за домашна грижа со посета од стручни лица во руралните делови на општината, на кои им е потребна различна медицинска помош. Информациите за луѓето ќже ги добиваат од матичните лекари и од Општа болница, со што ќе се овозможи луѓето овие здравствени услуги да ги добиваат на лице место, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Ангажираните стручни лица со проектот ќе работтат во период од 9 месеци, при што ќе добивааат бруто плата во износ од 20.500 денари месечно. Освен во Кочани, проектот ќе се реализира и во општините Битола и Ресен.

Т. Ајтовски

 

{fshare}

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 
https://www.youtube.com/watch?v=WsSy7T-U7Ig

{backbutton}

©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Сподели30Tweet19

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

За 100 отсто да поскапи паркирањето во Кочани ќе одлучува Советот на Општината
Кочани

За 100 отсто да поскапи паркирањето во Кочани ќе одлучува Советот на Општината

Од Т. Ајтовски
22 септември, 2023
0

Надоместокот што возачите го плаќаат за паркирање на возилата во централното градско подрачје на Кочани е меѓу најниските во државата, а според предлогот до Советот на Општината, наскоро...

Прочитај повеќе
Обука за менаџмент на човечки ресурси во рамки на Националната платформа за женско претприемништво
Кочани

Обука за менаџмент на човечки ресурси во рамки на Националната платформа за женско претприемништво

Од Т. Ајтовски
22 септември, 2023
0

Здружението на бизнис жени од Кочани ги продолжува активностите што се дел од локалните акции на Националната платформа за женско претприемништво. Во тие рамки денеска се одржа обука...

Прочитај повеќе
Sep 22, 2023 - Fri
Кочани, MK
33°C
9 km/h, SW
27%
759.81 mmHg
ПЕТ09/22 САБ09/23 НЕД09/24 ПОН09/25 ВТО09/26
31/25°C
35/20°C
32/21°C
25/18°C
28/16°C
EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица.
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?