– Сакам да ги поканам сите пчелари од Истокот да присуствуваат на предавањето во МКЦ во Кочани каде што предавач ќе биде искусниот пчелар од Босна и Херцеговина Сулејман Јакуповиќ. Предавањето ќе се одржи на ниво на Источна Македонија а домаќини сме ние, затоа можат да додјат сите пчелари од Истокот. Моментално во светот најбаран и најскап производ е пчелиниот отров, но за да го произведуваме мораме да делуваме заеднички, не посебно, рече Благој Митев, претседател на ПЗ „Матица“ Кочани.
Пчеларите од Истокот се заинтересирани, но немаат финансиски можности за производство на пчелин отров. Станува збор за профитабилен бизнис од кој добро може да се заработи, бидејќи е поскап од злато, но процесот на производство е многу тежок, бара трпение, упорност, инвестирање во опрема и минимум пчеларот да има 100 пчелни здрави семејства. Пчеларите велат дека малку се добива пчелин отров од едно пчелно семејство. При еден третман со специјалните апарати кои што создаваат електро шок кај пчелата и таа го остава својот отров на стакленце, од едно семејство може да се извади најмногу до 0,2 грама пчелин отров, а следниот период кога повторно може да се вади е минимум пет дена. Математиката е дека од едно семејство може да извади пчелин отров најмногу до 5 грама годишно. Што значи за да се добие некоја количина од 500 грама, потребни се околу 100 многу здрави пчелни семејства и да се работ три месеци континуирано.
Друга работа што е проблем при ова производство е тоа дека минимум 150 грама пчелин отров се потребни за анализа за да може да го продава. Значи од произведени 500 грама 150 одат за анализа. Инаку цената е висока и примамува. Се движи од 30.000 до 300.000 долари за килограм зависно од квалитетот и чистотата на отровот. Сепак, потребна е и едукација на пчеларите за производство на пчелин отров, но и пчеларите заеднички да се здружат и да работат на производство.Пчелиниот отров се бара во козметичката индустрија и медицината. Наоѓа примена и за лекување на неколку болести меѓу кои и Паркинсовата болест, Мултиплекс склерозата , реумата, болести на коски и зглобови,а делува токсично и на канцерогените клетки.
Од овој бизнис најмногу профитираат Русија и Кина кои што се сметаат за лидери во произвдоството на отров од пчели во светот. Еден производител има во Босна, двајца во Србија и еден во Хрватска.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=dMs2OYaEejM
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.