Во просториите на библиотека „Искра“ попладнево беше промовирана монографијата „Одот низ животот на Блажо Гошо Стојановски“ од Славица Цветкова.
Мотив за авторката да го создаде делото претставува истражувачкото новинарство. Тоа е книга со трајна вредност поради фактот дека пишаниот збор остава вечна трага.
-Ова монографија е изработена врз основа на оригинални архивски документи, теренски истражувања, ја користев техниката интервју преку која е расветлен животот на Стојановски. Во книгата се застапени повеќе новинари, негови соработници и луѓе со кој бил во контакт. Кога ќе се прочита насловот „Одот низ животот на Блажо Гошо Стојановски“ може да се добие впчетаток дека се работи за семејна, персонална монографија. Во неа се вградени и многу историски, географски, етнолошки, културолошки и општествени сознанија за тој период во кој живеел и творел. Стојановски е роден во селото Гајранци и работел како директор на Земјоделското стопанство, но поголемиот дел од животот го помина и во Кочани. Работеше на унапредување на општествените односи во градот, за што има добиено Општинска плакета. Запаметен е како човек кој имал емпатија и симпатија кон сите луѓе, истакна Славица Цветкова, авторка на книгата.
Монографијата ја пишувала три ипол години, а досега Цветкова има издадено 13 свои и 8 книги како коавторка. Промоторка, реценцензентка и јазична коректорка на промовираната монографија „Одот низ животот на Блажо Гошо Стојановски“ е Гордана Јефтимова.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.