Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во координација со полициски службеници од Полициската станица од Кочани и учениците од сообраќајната струка од СОУ „Гошо Викентиев“ ја реализираа превентивната кампања „Паркирај совесно, паркирај одговорно!“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
На учесниците во сообраќајот им беа поделени едукативни материјали, а исто така им порачаа да ги паркираат возилата на местата наменети за тоа.

-Денеска сакаме да потенцираме и да ги потсетиме нашите сограѓани и сите учесници во сообраќајот да паркираат совесно и одговорно, однсосно да не се користат зелените површини, да не ги паркираме возилата и да не ги блокираме останатите паркирани возила, да не ги блокираме влезовите и сето она што е со законската регулатива. Покрај тоа што се потсетуваме и превентивно делуваме, најавуваме дека во тек се припреми кои што ќе донесат промена на сообраќајниот режим во градот, утврдување на поголем број паркинг места и средување на сообраќајот во општина Кочани, истакна Жаклина Пауновска Ангелковиќ од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Капањата „ Паркирај совесно, Паркирај одговорно!“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“ ја спроведуваат Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата заедно со Министертвото за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.