– Она што го видовме во општина Кочани, покрај десетината депонии што беа измапирани, неколку ги зедовме предвид, за да го испитаме мислењето на граѓаните, видовме дека нивото на свеста на самите граѓани и на оние кои живеат во околината, самите сметаат дека е потребно подигнување на свеста. Од друга страна испитувањата покажаа, интересно, за разлика од останатите општини, дека граѓаните имаат поголемо задоволство од честотата на собирање на отпадот, поставеноста на контејнерите и така натаму, што укажува дека комуналното претпријатие си ја врши својата работа, но очигледно нешто затајува, односно како што беше истакнато на денешната дебата, дека со честото расчистување на дивите депонии всушност се прикажува и едно легализирање на истите, што понатаму повторно се остава простор да се трупa, рече Наташа Амдиу, претседател на НВО „Зелен институт“.
Заедничка констатација од дебатата е дека во иднина треба заеднички и активно да се работи за подигнување на јавната свест кај граѓаните за подобрување на хигиената и зачувување на животната средина.
Покрај Кочани, проектот се спроведува во Делчево и во скопските оппштини Кисела Вода и Ѓорче Петров, а поддршка за неговата реализација е добиена и од Министерството за животна средина.
T. Aјтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.