Црвениот крст од Кочани организираше општински натпревар по прва помош на кој се натпреваруваа девет екипи во три категории: подмладок, младина, и дисеминација.
Во првата учествуваа тимови од основните училишта од општините Кочани, Зрновци, Чешиново-Облешево. Учесници во втората категорија беа двете средни училишта од Кочани, а во третата се натпреваруваа сите екипи чија задача беше да покажат знаења за работата на Црвениот крст.
Натпреварот беше распределен на девет пункта од кои два за укажување на прва помош, а останатите беа за одмор и рекреација, како и за забавни содржини.
Во категоријата младина првото место го освои СОУ „Гошо Викентиев“ , а во категорија подмладок со прво место се закити ОУ „Никола Карев“. Тимот од училиштето „Синиша Стоилов“ од Зрновци беше победник во категоријата дисеминација.
Победничките тимови ќе го претставуваат општинскиот Црвен крст – Кочани на државниот натпревар што ќе се одржи во месец септември.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.