Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Во Кочани се одржа трибина во рамки на „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“

автор: Т. Ајтовски
7 декември, 2024 20:34
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Во Кочани се одржа трибина во рамки на „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“

Во рамки на проектот и програмата за економско јакнење на жените, денеска во Кочани се одржа предавање „Гласот и учеството на жените и младите во креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, а темата беше препознавање и заштита од семејно и родово базирано насилство.

Настанот е дел од „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“, како партнерски проект за активно учество на жените на пазарот на труд преку организирање бесплатни курсеви за зголемување на можностите и потенцијалите на жените за вработување и самовработување.

Носител е Женската граѓанска иницијатива „Антико“ – Скопје и проектните партнери – Здружението за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини „Секогаш соживот“ од прилепското село Канатларци и Здружението за образование и култура „Адрион“ од Желино, во соработка со Општина Кочани.

-Се работи за активност што се спроведува на светско ниво и почнува на 25 ноември и ќе трае до 10 декември, а нашите напори се елиминирање на секаков вид насилство врз жените, меѓу кои е и семејното насилство. Целта е да се подигне свеста во јавноста против насилството воопшто, како тоа да се препознае и да се искористат механизмите за заштита. Со проектот се опфатени десет општини во сите региони во државата, при што освен во Кочани, слични предавања веќе имаше и во селата Канатларци и Могила, а во тек се во Тетово. Во текот на идната година курсевите ќе продолжат во уште шест општини, истакна Умуѓулсум Јусуфоска од Здружението „Секогаш соживот“.

Во рамки на проектните активности се работи на зголемување на пристапот на жените до едукација и образование преку професионални повеќемесечни курсеви, односно обуки за развивање вештини и компетенции што ќе овозможат тие да бидат поконкурентни на пазарот на труд. Курсевите во Кочани главно беа за фризерски услуги и веќе се завршени, а наскоро ќе им бидат доделени сертификатите на учесничките.

Проектот е поддржан од Швајцарската влада преку Цивика мобилитас.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: граѓански активизамродово базирано насилствосемејно насилство

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нови правила за субвенционирање – оризопроизводителите со помалку од 7 декари остануваат без државна помош
Кочани

Нови правила за субвенционирање – оризопроизводителите со помалку од 7 декари остануваат без државна помош

автор: Т. Ајтовски
16 февруари, 2026 16:05
0

Земјоделците кои одгледуваат ориз се соочуваат со построги критериуми за добивање финансиска поддршка од државата, а клучната промена што предизвикува загриженост кај малите земјоделски стопанства е зголемувањето на...

прочитај повеќе
Граѓаните едногласни против нови станбени згради на локацијата на Панаѓурот
Кочани

Граѓаните едногласни против нови станбени згради на локацијата на Панаѓурот

автор: Т. Ајтовски
13 февруари, 2026 12:42
0

Општина Кочани денеска ја одржа најавената јавна презентација по Деталниот урбанистички план за градска четврт 13 (Текешински Лозја и околината) од ГУП за град Кочани за планскиот период...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 17, 2026 - вто
Кочани, MK
5°C
силен дожд
силен дожд
2 m/s, NW
98%
745.56 mmHg
tue02/17 wed02/18 thu02/19 fri02/20 sat02/21
-/4°C
слаб дожд
6/1°C
одвоени облаци
10/1°C
облачно
8/4°C
облачно
9/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?