По подолг временски период, Општата болница со проширена дејност – Кочани го одбележа 7 Април – Светскиот ден на здравјето.
На настанот беа доделени благодарници за успешен придонес во работата на установата на вработени, на лица кои од неодамна се во пензија, на општестевено одговорни компании, како и на Тони Глигоров како најдобар крводарител.
Директорката Душанка Горгиева Трпевски рече дека како и досега така и во иднина лекарите ќе работат според етичките и професионалните стандарди.
-Честитајќи го Светскиот ден на здравјето, им се заблагодаруваме на сите здравствени работници како едни од најнеопходните алки во општеството, да продолжат да работат етички и професионално и да се грижат за своите пациенти како да се нивни најблиски. Во изминатиов период, кочанската болница реализираше 80 нови вработувања, а испратени се и 16 доктори на специјализација. Нивно враќање се очекува до крајот на календарската година и почетокот на следната, со што ќе се доекипираат нашите оддели во болницата, истакна Душанка Горгиева Трпевски, в.д директорка на Oпшта болница со проширена дејност – Кочани.
Од Болницата нагласија дека и во иднина ќе продолжат да организираат настани со цел реализација на мисијата за обезбедување на здравство за сите.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.