Во моментот на подготвувањето на Вестите сè уште активно беше уште едно жариште, но се надеваат дека до попладне и тоа ќе биде изгаснато. Во саботата се појавил мал пожар што со брза интервенција го запреле, но следното утро се појавил нов, на локација недостапна за противпожарните возила. Според првичните индиции причина за пожарот е човечкиот фактор.
Пртетходната ноќ заседаваше општинскиот Кризен штаб со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица – Кочани, Полициската станица, КЈП „Водовод“, Шумското стопанство „Осогово“ и од Локалната самоуправа, при што е изготвен план за дејствување во текот на денешниот ден. Целта е со добра координација и комуникација брзо да се реагира и да се превенира натамошното ширење на пожарите.
Во моментот на терен дежурни се екипи составени од пожарникари, инспектори, полицајци и претставници на Шумското стопанство и на Општина Кочани.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.