Реализиран е првиот уписен рок во средно образование. Во двете средни училишта во Кочани се запишани над 230 ученици.
Во СОУ „Љупчо Сантов“ се регистрирани 96 ученици, а во „Гошо Викентиев“ пријави поднеле вкупно 140 идни средношколци. Директорите на двете средни училишта очекуваат поголем број кандидати во второто пријавување, што ќе се реализира на 27 и 28 јуни.

Пријавувањето се одвива преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука, а документите во хартиена форма учениците ги доставуваат до училиштата. За оние кои нема да можат да се пријават во вториот термин, последна шанса е на 21 август.

Во средните училишта во Кочани учениците имаат можност и за дуално образование што предвидува комбиниран образовен процес, односно учење и практична настава кај работодавец, со реално работно место и месечен надомест од 3.500 денари за секој ученик, за време од девет месеци.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.