Учениците ја прифатија Е-твининг платформата и сакаат да учествуваат.
-Како и сите проекти во кои што учествуваме ние учениците така учествуваме и во проектот Е Твининг платформата која што во нашиот живот претставува еден голем плус со кој што не би можеле да се стекнем во нашето формално образование. Од оваа програма имаме и придобивки кои би ни помогнале а не можеме да ги најдеме во образованието на пример разменуваме информации со помош на Е – Твининг со чија помош контактираме и со другарчиња од различни територии. Нашата професорка Весна Кушевска оваа година е избрана за Е – Твининг амбасадор а денеска во нашето училиште има и претставници од Националната агенција од Скопје, рече Јована Јангеловска, учесник во Е – Твининг платформата.
Е-Твининг работилниците се во организација на националниот сервис за поддршка на Република Македонија во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и е-Твининг.
Преку различни работилници, се споделуват искуства и можности од повеќе земји, а присутните имаат можност да ги осознаат најновите искуства во образованието, но и можностите за обуката и младинската работа, да добијат основни информации за начинот на кој можат да се вклучат и да ги искористат поволностите што ги нуди програмата. Е-Твининг семинарот е дел од Еразмус плус програмата во чии рамки се организираат низа активности во повеќе градови во Република Македонија во насока на што поголемо промовирање на можностите и програмите за доедукација, волонтерска работа и стекнување практични работни искуства во земјите од Европската Унија.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=iuVFc4eAQBo
{backbutton}
©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.