Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

ВП „Брегалница“ почна со чистење и оспособување на каналите и вадите за наводнување

автор: Т. Ајтовски
7 февруари, 2024 14:26
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
ВП „Брегалница“ почна со чистење и оспособување на каналите и вадите за наводнување

Градежна механизација и работници ангажираше водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани за ископ и чистење на каналите за наводнување на оризовите површини пред почетокот на новата сеидбена сезона.

Машинското отстранување на наносите од земја и на израснатата вегетација почна на десниот магистрален канал, на делницата меѓу селата Истибања и Оризари, во должина од десетина километри. Истовремено, рачно се чистат и десетина километри помошни канали и земјени вади што ја носат водата до земјоделските површини во регионот.

-Поволните временски услови во овој период ни овозоможуваат чистењето и оспособувањето на каналската мрежа да се реализира според планираната динамика и покрај пречките што ги имавме поради дефекти на механизацијата. Паралелно со отстранувањето на отпадот во десниот магистрален канал, се работи на поправка и бетонирање на паднати и оштетени кампади, а ќе следи и обновување и зајакнување на речните брегови за да се спречат евентуалните излевања и пролетни поплави. Според планот за активности за оваа сезона, треба да се исчистат околу 300 километри канали и земјени вади на подрачјето што го покрива нашата подружница, истакна Благојчо Богатинов, раководител на ВП „Брегалница“ – Кочани.

По завршувањето на активностите на десниот магистрален канал кај Оризари, чистењето ќе продолжи кон селата Спанчево и Соколарци, каде исто така ќе се работи на оспособување на наводнителните канали.

Годишниот план за наводнување на оризовите полиња во Кочанско сè уште се подготвува и ќе зависи од количините што ќе се акумулираат во хидросистемот Брегалница. Во моментот во браната Калиманци има околу 73 милиони кубни метри вода, а до почетокот на сезоната за наводнување има повеќе од два месеца. Поради тоа, се очекува нејзиниот капацитет да се исполни со уште една третина и да се обезбедат потребните количини вода за над 4.000 хектари под ориз.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: водостопанска подружница „брегалница“наводнување

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“
Кочани

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“

автор: Т. Ајтовски
1 март, 2026 18:02
0

Во организација на здружението „Синтезис“ од Кочани, пред кафе-барот „Какао либре“, денеска се одржа базарот на рачни изработки под насловот „Кочани твори“. Настанот беше несекојдневен и значаен чекор...

прочитај повеќе
Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани
Кочани

Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
28 февруари, 2026 16:54
0

Во Кочани денеска се одржа 38. „Марш за ангелите“, посветен на жртвите од трагедијата во клубот „Пулс“. Маршот започна од Паркот на револуцијата, по што учесниците поминаа низ...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 5, 2026 - чет
Кочани, MK
12°C
слаб дожд
слаб дожд
2 m/s, N
72%
767.32 mmHg
thu03/05 fri03/06 sat03/07 sun03/08 mon03/09
слаб дожд
13/8°C
чисто небо
14/6°C
чисто небо
13/7°C
одвоени облаци
13/6°C
слаб дожд
12/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?