Тоа значи дека имавме одличен настап каде што нашите репрезентативци се бореа поединечно. Во поединечна конкуренција надобар успех постигна Анастасија Качаникли која го освои златото, а во микс категорија имавме борба со Албанија и Босна и Херцеговина при која со 4:2 го загубивме мечот од Босна и Херцеговина и се закитивме со второто место, рече Драган Шеќероски, тренер на џудо клуб „Гладијатор“ Кочани.
Шеќероски додаде дека се надева дека со повеќе тренинг и труд следната година ќе се искачат на пиедесталот и ќе освојат злато на Балканското првенство за сениори што во март месец ќе се одржи во Тирана.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.