На Државното првенство во Радовиш, БК “Спартак“ учествуваше со 7 борачи во кадетска и пионерска конкуренција, а постигнатите резултати се повеќе од задоволителни, бидејќи подготовките траеја само десетина дена.
Во меѓувреме, по изборот на новото раководство, клубот ги консолидира своите редови и ги интензивира тренинзите.
– Се работи во две групи, едната е пионери, а другата се младинци и има доволен број за да може да се води тренинг. Понатаму се размислува да се воведат и повеќе тренери и повеќе смени, а размислуваме веќе и девојчиња да почнат да вежбаат, како и секаде што има. Значи постепено, клубот се консолидира, рече Орце Митров, член на управниот одбор на БК “Спартак“.
Досега тренинзите за сите категории се изведуваа трипати неделно, а од почетокот на оваа недела сениорите и младинците тренираат секој ден.
Митров рече дека веќе се разговарало со поранешните борачи на “Спартак“, кои сега настапуваат за други клубови, и тие изразиле подготвеност да се вратат и да ги бранат боите на матичниот клуб.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=5crLK9kTJtk
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.