Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Втор состанок на работната група за изработка на Стратегија за безбедност во сообраќајот во Кочани

автор: Т. Ајтовски
17 август, 2023 12:37
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Втор состанок на работната група за изработка на Стратегија за безбедност во сообраќајот во Кочани

Иницијативата за изготвување Стратегија за безбедност во сообраќајот во Кочани продолжи со втора средба на членовите на пошироката работна група, кои се вклучени во дефинирањето на главните цели што треба да ги содржи документот.

На средбата беше направена глобална анализа на проблемите во сообраќајот, како и причините поради кои е загрозена безбедноста на сите учесници.

-На денешната втора средба зборуваме за проблемите што нè мачат во сообраќајот, заедно со претставници од институциите, повикани се и претседателите на урбаните заедници, од Општината, од Полицијата, а можат да присуствуваат и сите граѓански здруженија и физички лица кои пројавија интерес да присуствуваат. Тоа ќе можат да го направат и на следната средба што ќе се случи во септември. Зборуваме за тоа што е потребно за да го зголемиме нивото на безбедност на сите учесници во сообраќајот, истакна Жаклина Пауновска Анѓелковиќ, овластена инспекторка за патен сообраќај во Општина Кочани.

Стручно излагање за проблемите со безбедноста во сообраќајот и трендовите за негово подобрување, со искуство од европски и пошироки рамки изнесе експерт од Република Србија кој е ангажиран од македонското Министерство за траснпорт и врски во рамки на проектот за поврзување на локалните патишта.

-Зборуваме за општите проблеми што ги предизвикува безбедноста во сообраќајот во светот. Во 2020 година безбедноста во сообраќајот е идентификувана како трет причинител за смртта на популацијата во светот, поради што е многу важно да се превенира и систематски да се пристапи на проблемот со безбедноста во сообраќајот. Конкретно за Кочани, мислам дека Стратегијата треба да биде како кровен документ, да даде пресек на постојната состојба, да ги даде насоките за понатамошно унапредување на безбедноста и еден акциски план којшто, за десет години, се надевам, барем ќе го преполови бројот на сообраќајни несреќи што се случуваат во општината, истакна Филип Трајковиќ, меѓународен ревизор за безбедност во сообраќајот и претседател на Здружението на ревизори за безбедност во сообраќајот на Србија.

На втората работна средба беше направена таканаречена SWOT анализа со одредби за посакувана состојба во сообраќајот и предлози за работна верзија на проект за динамичниот и стационарниот сообраќај во централното градско подрачје, со предлог за воведување зонско паркирање во Кочани.

Изработката на стратегијата за сообраќај ќе биде финансирана со сопствени буџетски средства на Општина Кочани. По иницијатива на Министерството за траснспорт и врски, а со поддршка од Светската банка, стратегии за сообраќај треба да добијат уште пет општини во државата.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: сообраќајстратегија за сообраќај

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“
Кочани

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“

автор: Т. Ајтовски
1 март, 2026 18:02
0

Во организација на здружението „Синтезис“ од Кочани, пред кафе-барот „Какао либре“, денеска се одржа базарот на рачни изработки под насловот „Кочани твори“. Настанот беше несекојдневен и значаен чекор...

прочитај повеќе
Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани
Кочани

Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
28 февруари, 2026 16:54
0

Во Кочани денеска се одржа 38. „Марш за ангелите“, посветен на жртвите од трагедијата во клубот „Пулс“. Маршот започна од Паркот на револуцијата, по што учесниците поминаа низ...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 5, 2026 - чет
Кочани, MK
12°C
слаб дожд
слаб дожд
2 m/s, N
72%
767.32 mmHg
thu03/05 fri03/06 sat03/07 sun03/08 mon03/09
слаб дожд
13/8°C
чисто небо
14/6°C
чисто небо
13/7°C
одвоени облаци
13/6°C
слаб дожд
12/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?