В недела Кочани ќе биде домаќин на екипното државно првенство во џудо за сениори и сениорки. Подготвките течат спшотред планот, а единстевна промена е местото на доржување на првенствоот. Иако претјходно беше закажно натрпеварите да се реализраат во салата на ОУ Никола Карев, сепак поради технички пртоблеми околиу загревањето на објектот, првенствбото е преместено во слата кај Гимназијата во Кочани. Организатор на натрпеварот е Џудо Федерацијата на Македонија, со техничка поддршка од кочанскиот ЏК ”ГЛАДИЈАТОР”.
Право на учество на државното првенство имаат џудисти родени 2003 година и постари, а кои се регистрирани во ЏФМ за оваа година и имаат заверена лекарска потврда за извршен преглед. Притоа натпреварувачите во кадетска категорија задолжително треба да приложат и согласност за учество потпишана од родителот и од страна на одговорно лице/тренер на клубот.
На првенството и сениорите и сениорките ќе се натпреваруваат во 7 тежински категории, а свеченото отоврање на настанот е планиран за в недела од 10 часот. Половина час подоцна ќе започнат и борбите, што според пропозицитте ќе траат по четири минути. Од ЏК „Гладијатор“ ги покануваат љубителите на спортот од Кочани да присуствуваат на овој настан што е прв од вакво значење што се одржува кај нас.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.