Во рамки на подготовките пред почетокот на првенството во Втората фудбалска лига, фудбалерите на „Осогово“ викендов ќе го одиграат првиот пријателски контролен натпревар. На стадионот „Никола Мантов“ в недела ќе гостува „Саса“ од Македонска Каменица, која исто така се подготвува за настап во новата сезона во второлигашкото друштво.
Жолто-сините со тренинзи почнаа пред десетина дена, а по смената во стручниот штаб и доаѓањето на тренерот Добринко Илиевски, кондициско-тактичките вежби се одвиваат редовно на теренот на стадионот. Со оглед на краткиот период и ограничените буџетски средства не се планирани дополнителни тренинзи надвор од Кочани, а освен со „Саса“ се очекуваат уште неколку контролни средби.
Почетокот на првенството во Втората лига е закажан за 12 август, а сè уште се чека распоредот на натпреварите во есенската полусезона.
Контролниот натпревар со „Саса“ в недела ќе се игра со почеток од 17,30 часот.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.