Во петок (3 ноември) Comodita Home го отвора најновиот продажен салон во Македонија, во Кочани. Големото отворање е закажано за 12 часот кога Comodita Home ќе ги отвори вратите за сите свои потрошувачи со големи изненадувања, подароци и попусти до 70% на целиот асортиман на производи. Продажниот салон е лоциран на ул. „Маршал Тито“ бр.11, веднаш до филијалата на Шпаркасе банка.
Потрошувачите ќе може да набават душеци Comodita со атрактивни цени почнувајќи од 2999 денари. За оние што сакаат да ја освежат спалната соба ќе има попуст до 70% на производи како што се јоргани, чаршафи, прекривачи за кревет, бањарки или ќебиња од најразличните модели. Но, нема да биде запоставена ни кујната која може да се докомплетира со производите од широкиот асортиман што го нуди Comodita Home со попуст.
За уште поголемо задоволство на своите потрошувачи, на денот на отворањето ќе има специјални цени на перници почнувајќи од 119 денари како и понуди 1+1 производ гратис.
Дојдете во петок на 3 ноември во 12 часот и откријте ги сите изненадувања, понуди и попусти на големото отворање на продажниот салон на Comodita Home во Кочани на ул. „Маршал Тито“ бр.11, веднаш до филијалата на Шпаркасе банка.
Comodita Home
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.