За третманот против комарците ќе се користи препаратот Ауродил – Супер ПБ со кој се прскаше и лани, а е одобрен од Бирото за лекови, со оглед дека не е штетен за луѓето и крупните цицачи.
Исто како и лани, и годинава се планира освен од воздух, да има и прскање од земја. Двете третирања ќе се реализраат одделно, односно со прскањето од земја, ќе се опфати површина од околу 1200 хектари во централното градско подрачје, приградските населби и дел од населените места во општината.
Општина Кочани ќе потроши над 1,5 милион денари за овогодишната, петта по ред кампања за прскање против комарците. Сумата е за околу 200 илјади денари повисока од претходните години, со оглед што се проширува територијата на којa ќе се третира, а парите се обезбедени од локалниот буџет.
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=FA__CtySzKk
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.