В понеделник во 12 часот во просториите на Библиотеката „Искра“ официјално ќе биде отворено 17-то издание на Саемот на книга. Ќе учествуваат 13 издавчки куќи, со различни жанрови за возрасни и деца.
Саемот ќе биде отворена за посета секој ден до 11 ноември, во периодот од 10 до 18 часот.

-Од понеделник па се до сабота ќе го реализираме Саемот на книгата. Годинава ќе присуствуваат 13 издавачки куќи,односно најголемите и најреномираните во нашата држава. Значи ќе имаме богата понуда, понуда за најмладата возраст, односно лектирни изданија, сликовници, енциклопедии и литература од забавен каракт. Ќе има и понуда од домашни и странски автори и ќе бидата застапени најразновидни жанрови, исткана Мара Анастасова, виш библиотекар во ЈОУБ „Искра“.
Годинава Саемот на книга ќе биде под мотото „Ајде да читаме и подаруваме книга“. Целта е да се стави акцент на читањето, а и да се охрабрат помладите пишаниот збор да биде нивно секојдневие. Читателската публика ќе има можност да ги разгледа и купи најновите книги од 13-те издавчки куќи.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.