В понеделник, 2 октомври ќе се одржи промоција на најновата книга со раскази „Лето со мирис на јасмин“ од авторката Анче Пешева од Струмица.
Промоцијата ќе се одржи во ЈОУ Библиотека „Искра” во Кочани, со почеток во 16 часот, модератор ќе биде Катарина Петрова, а промотор Славица Цветкова.

Рецензијата за книгата ја напиша Симеон Лихвинцев од Скопје, техничката обработка и дизајнот на корицата е на Ана Дедова од Кочани, а уредник на делото е Ристо Прентоски од Струга. Издавач е ИРИС – Струга, печатење на книгата го обезбеди ИРИС ПРИНТ од Струга.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.