Во тек е постапка за окрупнување на земјоделското земјиште во катастарската општина Чифлик. Дел од активностите е и одржување собир на кој треба да се формира Собрание на учесници. Тоа е најважното одлучувачко тело и го сочинуваат сите сопственици на земјоделски површини во атарот на Чифлик.
Со консолидацијата секој земјоделец ќе добие можност да ги окрупни своите парцели, а исто така ќе се подобри постојната и ќе се изгради нова земјоделска инфраструктура – канали за наводнување и одводнување и пристапни патишта.

Собирот на учесници за консолидација ќе се одржи в сабота, 1 јули, во подрачното училиште „Климент Охридски“ во Чифлик, со почеток од 17 часот.
Од Општина Чешиново-Облешево упатија апел сите земјоделци активно да се вклучат во процесот на консолидација.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.