В среда со почеток од 18,30 часот започнуваат Илинденските спортски игри во Зрновци. Учествуваат вкупно 10 екипи , а турнирот во мал фудбал ќе го отворат „Фабијан“ и „Бока Јуниорс“.
Планирано е да се играат по три натпревари дневно.

Традиционалниот десетти по ред Илинденски турнир во мал фудбал ќе се игра на повеќенаменското спортско игралиште „Васе Ангелов“ во Зрновци.
За најдобрите екипи обезбедени се награди. Првопласираната ќе добие 30.000 денари, за втората екипа обезбеден е износ од 20.000 денари и третата екипа ќе добие парична награда од 10.000 денари.
Турнирот по повод празникот Илинден е во организација на Општина Зрновци и Локалниот совет на млади.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.