Исто така, советниците ќе го разгледуваат и Локалниот акциски план за домување, урбанистичко планирање и комунална инфраструктура за периодот 2018–2020 година.
Иако градоначалникот Илијев во вторникот најави дека една од точките на седницата на Советот треба да биде и предлогот за пренамена на парите што се заштедени по јавните тендери за изградба на улици, сепак таква точка нема на дневниот ред. Која е причината за таквото одложување, засега нема објаснување.
Всушност се очекуваше советниците да дадат согласност сумата од 6 милиони денари да се пренасочат за реализиација на изградбата на една улица во зоната Лесна индустрија , како и за изградба и асфалтирање на улица во населата Усова Чешма. Освен тоа, беше најавено дека тие треба да одобрат и средства за асфалтирање улици во селата Горни Подлог, Долни Подлог, Прибачево, Грдовци, Мојанци и во Тркање.
Седницата на Советот в четврток започнува во 15 часот, а Канал 8 телевизија ќе врши пренос во живо на својата програма.
T. Aјтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=SandNXUpoRI
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.