Во второто коло бил совладан тимот на “Софија спорт“ со 1:0, а во третото коло повторно оствариле убедливо водство и победа од 5:1 против екипата на “Локомотив ГО“ од Софија. Со тоа го обезбедиле учеството во финалето за освојување на првото место.
Завршната средба се одиграла во неделата, а нашиот тим за противник ја добил силната екипа на “Септември“ од Софија. Изедначениот квалитет и резултатот од 2:2 по завршувањето на регуларниот дел од натпреварот не ја разнишале самодовербата на момчињата од “Фудбал Старс“, па по изведувањето пенали тие имале поголема сигурност и спортска среќа, и со резултат 6:5 дошле до шампионската титула. Одличниот настап на нашиот тим е потврда дека Кочани располага со талентирани фудбалери на кои им е неопходна соодветна поддршка.
Турнирот во Сандански поминал во одлична атмофсфера, при што учествувале вкупно 80 екипи со фудбалери од генерациите од 2001 до 2009 година. Освен натпреварите, за присутните тренери и спортски рабоитници од сите тимови бил организиран и стручен семинар.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=_jqKP0YzbXQ
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.