Доброволното провипожарно друштво – Кочани доби дополнителна опрема за брзи интервенции на терен со што е унапредена ефиксноста и мобилноста при спасување на повредени лица во специфични услови.
Во донацијата вредна неколку десетини илјади евра се вклучени хидраулична пумпа, хидраулични клешти, клипови за извлекување, наменски синџири, хидраулични црева и додатоци. Алатите ќе можат да се користат за различни интервенции, особено при извлекување лица од возила при сообраќајни несреќи или од простор во кој е оневозможен нормален пристап.

-Опремата е германска донација со која целосно го доопремивме возилото за технички интервенции. Огромна благодарност до нашите германски пријатели, а особено до господинот Јирген Вајс за неговиот личен ангажман, истакнува Златко Илијев, претседател на ДПД – Кочани.
Обезбедувањето современа опрема за пожарникарите е од клучна улога при нивната лична безбедност. Тоа се потврди при интервенцијата на последниот пожар во компанијата Макпрогрес во Виница, кога благодарение на претходно донираната опрема, што беше соодветна за такви услови, беа избегнати посериозни повреди на оние кои учествуваа во гаснењето на огнот.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






