Храмот „Св. вмч. Георгиј“ и годинава точно на полноќ беше преполн со верници, а свештенослужителите ја објавија радосната вест за Воскресението Христово.
Верниците се поздравија со традиционалниот поздрав „Христос воскресна – Навистина воскресна“ и си упатија желби за многу здравје, среќа и мир.
На вториот и третиот ден , в понеденлик и во вторник во седум часот ќе биде отслужена Света Архиерејска Литургија на која ќе чиноначалствува Митрополитот Брегаллнички господин Иларион, а во 16 часот истиот ден ќе има и празнична вечера.
В петок, пак на Источен Петок – Балкалија исто така во седум часот наутро ќе биде отслужена Утрена и Света Златустова Литургија, по што ќе биде извршен и водосвет.
Велигден е најголемиот христијански празник, Празник на победата над смртта, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.