Триесет и осумгодишниот Горан Зашов од Кочани имаше најмногу среќа меѓу 44 момчиња да го извади светитот крст од водите на Кочанска Река на одбележувањето на празникот Богојавление – Водици.
На чинот на осветувањето, со кој чиноначалствуваше митрополитот брегалнички Иларион во сослужение на свештеници од кочанското архиерејското намесништво, присуствуваа голем број граѓани и верници од општина Кочани.

– Годинава заедно со уште седум мои пријатели учествувавме во фаќањето на крстот. Веќе десет години скокам и по втор пат Господ реши да биде кај мене. Во 2022 година го фатив и сега е повторно имав среќа. Во оваа прилика сакам на сите граѓани, на сите христијански верници да им го честитам празникот Богојавление, нека бидат сите живи и здрави, Бог нека ги благослови, истакна Зашов.
Честитки по повод празникот упати и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, посакувајќи многу здравје и среќа, а на најсреќниот фаќач на крстот од име на Локалната самоуправа му врачи пригоден подарок.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.