Освен гостувањето и настапите фолклористите имаа можност да прошетаат во градот Анкара и да го посетат музејот со гробот на Кемал Ататурк, на калето на Анкара како и низ турските продавници за шопинг, рече Тони Манасијев, раководител на ФА „Кочани“.
Манасијев информираше дека се уште се во тек уписите на нови членови на ансамблот.
-ФА „Кочани“ врши упис на нови членови, па затоа кој сака да го изучува традиционалниот македонски фолклор може да се запише во ансамблот секој ден од 16.30 до 21 часот во Мултикултурниот центар – Кочани, додаде Манасијев.
Инаку, во последните години фолклористите од ФА „Кочани“ се доста активни во изучување на нови кореографии и ора под раководство на нивните ментори наставници Ристе Горгиев и Ана Николова кои што доста амбициозно влегоа во раководството на ансамблот. Станува збор за ората “Овчеполе“, “Малешевија“, “Малешевка“, “Лазаренки“, “Пијанец“ и други. Фолклористите до крајот на годината и следната година ги очекува уште доста турнеи и настапи во земјава и странство.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.