Освен нив, во групата даватели на јавни услуги ќе се вработат и две лица на работното место негувател, за што ќе добиваат плата од околу 15 илјади денари, а кандидатите треба да имаат завршено средно образование, да се со или без работно искуство и да поседуваат важечка лиценца за негувател.
Во групата технички персонaл со огласот ќе се вработи едно лице како хигиеничар што ќе добива нето плата од 12 илјади денари, а потребно е да има основно или средно образование. Исто така, се бараат и еден хаусмајстор, готвач и помошник готвач кои треба да имаат завршено соодветно средно образование од електротехничката, односно угостителската струка. Tие ќе добиваат плата во износ од 12 до 13 илјади денари, во зависност од работната задача што ќе ја извршуваат.
Вработените што се бараат со огласот ќе бидат ангажирани само во прва смена и ќе работат 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати треба да се државјaни на Република Македoнија, да немаат забрана за вршење на дејноста, како и да обезбедат потврда дека не им е изречена правосилна судска пресуда за семејно насилство или негрижа и злоставување малолетни лица.
Рокот за пријавување на кандидатите за вработување е до 31 мај, а пријавите и документите се поднесуваат во детската градинка „Бисерчиња“ во Зрновци.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=2KmhT0Mxrmo
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.